Пиреј
Пиреј — роман на македонскиот писател Петре М. Андреевски, првобитно издаден во 1980 година. За кратко време, тој станал еден од најчитаните македонски романи во поновата македонска книжевност и ужива статус на култен македонски роман. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и […]
Песни
Песни. Куманово: Околиски НОМСМ, 1944. (повторни изданија: Београд: Издање Младог борца, 1944; Штип: штампарница Илинден, 1944). Фототипско издание објавено во 2014 г., Сигмапрес, Скопје. Животот на македонскиот народ во време на светските војни. Историски, љубовен
Бели Мугри
„Бели мугри“ — збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор, во близината на Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година. Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената […]
Тешкото
Повод да ја напише песната „Тешкото“, една од најубавите песни на Конески, а секако и воопшто напишани на македонски јазик, му дало орото „Тешкото“, што поетот за првпат видел како се игра во Прилеп 1942 г. без музика, (според сведоштво на самиот автор). Песната ја напишал 1946, а ја објавил 1948, во збирката песни „Земјата […]
Загатка – Весна Ацевска
Весна Ацевска — поет, раскажувач и преведувач. Родена е на 10 ноември 1952 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела во весникот „Република“, а од 1992 година работи во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1991 година и на меѓународното друштво „Калеваласеура“ од Финска. […]
Избор песни – Гане Тодоровски
Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929 — Скопје, 22 мај 2010) — македонски поет, преведувач, професор, есеист, книжевен критичар, историчар и публицист. Збирка песни
Сказна за детето Вилен
„Сказна за детето Вилен“ или „Сказна за Вилен“ — новела за деца на македонскиот писател Глигор Поповски, првобитно објавена во 1952 година. Новелата е напишана во форма на сказна. Таа е напишана допадливо, но неколку места се незаборавни, како: описот на дедо Сезнаел, патувањето на Вилен кон Големата Река, неговиот престој во земјата на лошиот […]
Диво Месо
Диво месо — драмско дело напишано од македонскиот драматург Горан Стефановски. Тоа е современа семејна драма што се случува во Дебар Маало, Скопје, непосредно пред Втората светска војна. Композицијата на драмата е модерна, авторот не го употребил класичното делење на чинови, туку на сцени. Јазикот е многу специфичен. Секој лик зборува на свој начин со […]
Марта
Романот „Марта“ има доживеано повеќе изданија, како: Седмо издание: Седмото издание на „Марта“ било објавено во 2001 година од издавачката куќа М-Графика од Скопје. Книгата е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-9683-0-6. Книгата има 223 страници и покрај главниот текст, содржи биобиблиографија на […]
Парите се отепувачка
Парите се отепувачка – најпознатото драмско остварување на македонскиот драматург од меѓувоениот период, Ристо Крле. Драмата била за првпат изведена во скопскиот театар, на 27 декември 1938 година. Темата е животот и трагедијата на едно македонско сиромашно семејство кое е принудено да го испрати својот единствен син на печалба, а идејата е јасно изразена во […]