Загатка – Весна Ацевска

Весна Ацевска — поет, раскажувач и преведувач. Родена е на 10 ноември 1952 година во Скопје. Завршила Филолошки факултет во Скопје. Работела во весникот „Република“, а од 1992 година работи во Институтот за национална историја во Скопје. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1991 година и на меѓународното друштво „Калеваласеура“ од Финска. Го препеала финскиот спев Калевала и за него ја добила наградата за препев „Григор Прличев“ за 2000 година, а во посебна книга се објавени препеви од персискиот еп „Шахнаме“ на Фирдоуси (2007). Ацевска објавила избор од руските бајки, книги препеви од руските поетеси Ана Ахматова и Марина Цветаева, од српските поети Симон Симоновиќ и Александар Рашиќ, од бугарскиот поет Петко Братинов (заедно со С. Стојчевски), како и антологија на албанската народна лирика (заедно со С. Стојчевски и Џ. Ахмети). Избори од нејзината поезија како книги се објавени на албански, бугарски, романски, српски и турски јазик. Списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ – Прилеп, објави специјален број (5-6, 2008) посветен на творештвото на Ацевска.

Песни

Весна Ацевска

Tip!