Тешкото

Повод да ја напише песната „Тешкото“, една од најубавите песни на Конески, а секако и воопшто напишани на македонски јазик, му дало орото „Тешкото“, што поетот за првпат видел како се игра во Прилеп 1942 г. без музика, (според сведоштво на самиот автор). Песната ја напишал 1946, а ја објавил 1948, во збирката песни „Земјата и љубовта“. Орото „Тешкото“ го играле печалбарите од мијачкиот крај, во мигови на разделба со своите најблиски, или за Петровден, кога се враќале во родниот крај заради свадбите на своите блиски роднини. Ниедно друго оро од нашата богата фолклорна ризница, не го отсликува така мачното минато, длабоката тага и копнежот за слобода на Македонците.

Во првите песни на Блаже Конески среќаваме родољубиви мотиви како реакција на штотуку завршената Револуција.
Тие песни се блиски до народот, татковината е реален поим, татковината живее во него и во секој наш човек, тој ја гледа, ја разбира и ја прифаќа, ја оживува нејзината историја, традиција, бит и ги поттикнува родољубивите чувства.

Оро

Тешкото

Tip!