За првпат книгата била објавена во 1950 година, во издание на Државното книгоиздателство на НР Македонија, во рамките на едицијата „Современа македонска проза“. Книгата, со обем од 143 страници, била испечатена во печатницата „Гоце Делчев“ – Скопје, во тираж од 3.500 примероци. Нацртот на корицата е дело на Цицо Поповиќ, а коректор бил Киро Андоновски. Покрај повеста, содржи и предговор со наслов „Белешка за расказот“, напишан од Ѓорѓи Милошев.
Новела, Историски